Регионална дигитална конференција за која сите зборуваат – дознај зошто сите говорат за DAMconf

21.11.2017 | 13:46
Прочитано: 987

Многумина се сѐ уште под влијание на впечатоците од фантастичната DAMconf конференција во организација на ClickAttack и медискиот партнер Nova TV, одржана во City Plaza центарот во Загреб, четврта по ред – ако не бевте оваа година, посетете нѐ следната година, а најинтересните моменти прочитајте ги во продолжение.

Возбудливиот дигитален ден започна на единствениот правилен начин – додека посетителите ги подигнуваа акредитациите, се пиеше и утринското кафе.

Конференциската сала пополнета до последното столче со публика делумно составена од сега веќе постојаната постава на конференцијата а делумно од нови лица и тоа што организаторот највеќе го веселеше со бројни студенти и млади маркетинг ентузијасти.

Тоа преставуваше доказ дека DAM конференцијата станала клучен настан на кој се собираат регионални дигитални стручњаци, медиуми и брандови за да разменат знаења, да ги слушнат искуствата на другите и да добијат свежи идеи. Сите тие уживаа во вкупно 20 предавања и панели!

Оваа година фокусот беше поставен на иновациите и иднината на дигиталниот маркетинг, а се говореше и за виртуелната реалност, вештачката интелигенција и перцепцијата на Z генерацијата за медиумите. Се зборуваше како брендовите не би сноселе парични последици со промената на правилата при ракување со корисничките податоци т.е. можеше да се слушне презентација за GDPR регулативата.

Оваа година беше “ангажиран” и дигиталниот домаќин кој посетителите ги водеше низ програмата - chatbot Damotron на Viber messenger, кој совршено се вклопи бидејќи темата за chatbot е една од најинтересните во дигиталниот свет. На таа тема говореа и преставниците од Addiko банка, генералниот спонзор кој оваа година и самиот во банкарството воведе плаќање со Viber chat како и самите Виберовци.

Zarena Kancheva, маркетинг и ПР менаџерка на Viber за средноисточна Европа, одговори на неколку пашања – каква е сагашноста, а каква е иднината на Viber, Chat Bot - овите, Sticker - ите.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.