Регистарот за вработените во јавниот сектор не ја рефлектира реалната слика

13.08.2017 | 17:32
Прочитано: 2442

Колкава е администрацијата во државата? На ова прашање се уште одговор нема ниту министерот задолжен за вработените во јавниот сектор. Манчевски се соочил со многу поголем проблем од она што го очекувал, зашто при проверката открил дека Министерството нема никакви податоци за вработените во скоро 350 институции.

Ова излезе на виделина откако Државната изборна комисија побарала административци за спроведување на локалните избори.

„Податоците доставени до ДИК се однесуваат на 115.729 вработени во јавниот сектор. Оваа бројка не е официјална и не ја претставува реалната слика. Согласно тоа, министерството за информатичко општество и администрација, не може да гарантира за целосна веродостојност на податоците, но сметаме дека податоците ќе одговараат и се доволни на потребите на Дравната изборна комисија за спроведување на локалните избори“, изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Меѓу овие институции има јавни претпријатија на локално, и на централно ниво, како што се Водовод, но и Народната банка на Република Македонија.

Поради ваквите пропусти, Министерството ги вкрстува податоците на вработени од повеќе државни институции, како Централниот регистар, Агенцијата за вработување, фондовите за здравствено и за пензиско осигурување и Министерството за финансии.

„Колективна е одговорноста, односно на многу места е лоцирана. Не можеме да кажеме дека се работи цврсто и единствено само за проблем на претходно раководство во Министерството, затоа што, системот од технички аспект е функционален, но факт е дека јавноста била доведена до заблуда со објавениот број на вработени во јавниот сектор до којшто не е стасано на законски начин“, вели Манчевски.

Иако за регистарот се одвоени 2 милиона евра за период од пет години, тој не ја рефлектира реалната состојба. Манчевски тврди дека ќе направи се,  што поскоро да се добие функционален регистар за вработените во јавниот сектор.


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.