Рестораните во САД со протести против Трамп

16.02.2017 | 19:13
Прочитано: 1400
Имигрантите во неколку американски градови денеска ќе излезат на протест а голем број на ресторани и продавници ќе ги затворат вратите во знак на револт против политиката на претседателот Доналд Трамп кон имигрантите. 
 
Организаторите на акцијата „Ден без имигранти“  ги повикаа имигрантите да не се појавуваат на своите работни места, да не одат на училиште и да не купуваат никакви производи од продавниците. Како што велат од таму, целта на акција е да се покаже колку тие придонесуваат за американската економија и за општеството.
 
„Многумина се исплашени да одат на работа па дури и да ги испрата децата на училиште. Тука сме за да ги одбраниме нашите семејства“ - изјави организаторот на протестот Хаиме Дијаз.
 
Голем број од сопствениците на ресторани велат дека со задоволство ќе ја поддржат акцијата и дека пораката која со тоа ќе биде испратена значи многу повеќе од парите кои ќе ги загубат.
 
„Мислам дека луѓето кои се чувствуваат загрозено од политиката на Доналд Трамп треба да излезат на протест.“ 
 
„Ние сме мигранти и вработуваме многу мигранти...Не можеме да седиме мирно и да гледаме како се случува ова.“ - велат дел од сопствениците.
 
Доналд Трамп пак во своето неделно обраќање до нацијата порача дека останува на својата одлука во однос на имиграција.
 
„Нема да дозволиме нашиот систем за имиграција да биде свртен против нас и да биде искористен како оружје за тероризам“ - изјави Трамп.
 
Според проценките на американските медиуми, најмалку 1,5 милиони нелегални мигранти работат низ целата држава. Покрај во Вашингтон, денеска протести ќе се оддржат и Њу Јорк, Филаделфија и Остин.

Стојанчо Мицевски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.