Револт и протести на родителите на деца со попреченост

20.04.2017 | 19:07
Прочитано: 2754
Никола има 13 години и има Даунов синдром. Тој е еден од многуте деца во земјава што се со посебни потреби. Оди редовно во училиште и е прифатен од соучениците и наставниците, но нема доволно внимание за него во училиштето колку што му е потребно. 
 
Токму немањето доволно обучен персонал во училиштата, немањето сосодветни центри за грижа, но и миниалната помош од државата за лекување се дел од причините што Никола денеска заедно со неговите родители, поставија шатор пред домот на народните избраници, да ги потсетат на обврски кои ги имаат кон децата со посебни потреби, но и да им ги повторат проблемите со кои секојдневно се соочуваат. 
 
„Многу е темпераментен, спортуваме, ги сака сите спортови.“ - изјави Сузана Стојановска, родител.
 
Маргарита Милошоска е уште една мајка на дете со посебни потреби која дојде во паркот жена борец, да го крене гласот против неправдите со кои секојденвно се соочува нејзианта 13 годишна ќерка, која боледува од церебрална парализа. Девојчето е неподвижно, тешко говори, а училиштето и е само сон. 
 
„За моето дете ништо не се партиципира, ниту еден лек не оди без пари. Постојано прима витаминска терапија, во Бугарија ја носевме на примање аминокиселини по 1300 евра е терапијата на три месеци. Сите медицински и алтернативни решенија што ги има во светот ги пробуваме на свој трошок“ - изјави Маргарита Милошоска, родител.
 
Министерот за социјала Ибрахим Ибрахими ги посети најновите станари на паркот, им вети дека ќе им помогне. На прашањата од родителите не можеше да одговори. 
 
„Во делот на Законите реков дека тоа веднаш, иако Собранието не ункционира, меѓутоа, ние како министерство ќе ги поминеме на Влада тие измени и ќе чекаме само собранието да се формира за да поминат тие законски измени. Во делот на условите кои се бара зголемување на додатокот можам да истакнам дека во мемонтот не можеме тоа да го предвидиме  Ние како министерство ќе ги поминеме на влада сите тие измени“ - изјави Ибрахим Ибрахими, министер за труд и социјална политика. 
 
Ветувањата на ресорниот министер ги слушна и Никола, неговите другарчиња со посебни потреби кои денеска дојдоа во жена паркот – дали му поверуваа не кажаа, но нивните родители ќе веруваат кога ќе видат конкретни поместувања. Дотогаш постојано ќе ги потсетуваат тие кои и со нивниот галс седнаа во собранискте столчиња – дека државата не смее да биде маќеа на нивните деца. 

Игор Стефановски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.