Роботите им ја земаат работата на милиони Британци

28.03.2017 | 10:55
Прочитано: 2108

Повеќе од десет милиони работници во Велика Британија би можеле во наредните 15 години да останат без работа, бидејќи нивните работни задачи ги презедоа роботи. Во извештајот на консултантската фирма „PwC” се проценува дека во оваа земја 30 отсто од занимањата се под висок ризик да згаснат поради напливот на вештачката интелигенција и автоматизацијата. 

Иако овие новини ќе ја зголемат продуктивноста и ќе создадат нови прилики за работа, авторите на извештајот оценуваат дека државата би требало да преземе мерки за да ги спречи големите раслојувања коишто би можеле да настанат како последица на веќе примените роботи, особено во едноставните работи.

Најголема опасност од губиток на работа им се заканува на вработените во трговијата, сектор кој вработува најмногу луѓе во Велика Британија. Потоа следува производството, па администрацијата и транспортот и логистиката. Од друга страна, најмалку погодени се образованието, здравството и социјалната заштита, бидејќи многу работи во тие области се уште немаат можност за автоматизација. Најзагрозени се оние со најнизок степен на образование.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.