Родителите на децата со попреченост ја минаа првата ноќ под ведро небо

21.04.2017 | 12:47
Прочитано: 1846

Една ноќ под отворено небо, не може да се спореди со маките низ кои поминуваме по 24 часа на ден – велат родителите на децата со посебни потреби кои ќе кампуваат спроти Собранието се додека нивните барања не се исполнат. 

Велат не е едноставно да се помине ноќ под отворено небо, а за голем дел од нив ова е прво преноќување во шатор, но поголема е нивната желба за исолнување на барата.

„Очекуваме да бидеме видени, од тие што треба да бидеме видени и конечно да не биде само на хартија ставено како програма на политичките програми, туку нашите барања да станат реалност“, изјави мајка на едно од децата.

Родителите се надеваат дека со тоа што ќе постават шатори пред Собранието, ќе станат видливи за пратениците и повикаа тие да се обединат околу нивниот проблем.

„Напорно е, но ќе издржиме, тука сум јас, тука е моето дете, тука сум за него и за другите деца, за да се избориме за барањата на сите деца со посебни потреби“, вели друга мајка.

Одговори на нивните барања до сега нема од ниту една институција, велат добиле само празни ветувања. Најавуваат дека шаторите ќе ги поставуваат секој месец се додека институциите не го согледаат нивниот проблем. Вчера ги посети министерот за труд и социјала Ибрахим Ибрахими кој им вети поддршка и помош.

 


Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.