Родителите на децата со посебни потреби остануваат во шаторите

21.04.2017 | 18:34
Прочитано: 2014
По првата ноќ помината под отворено небо, родителите на децата со посебни потреби се сретнаа со пратениците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. 
 
На средбите добија ветувања од двете страни, но сепак не се откажуваат од намерата да спијат пред Собранието, со надеж дека барањата сепак ќе станат реалност.
 
„Се расправаше многу години наназад, се дадоа ветувања дека ќе се забрзаат работите и останува да видиме. Сакаме да веруваме и се надеваме. Затоа сме тука.“ - изјави Сузана Стојановска, родител на дете со посебни потреби.
 
Шаторите пред Собранието ги посетија пратениците од СДСМ и ја потпишаа петицијата за исполнување на барањата на родителите, но им порачаа дека тие не можат да се исполнат се додека Собранието не се стави во функција.
 
„Сите иницијативи на родителите и проблемите се ставени и се дел од програмата на СДСМ што беше и во иЗборната програма и се приоритет. не смееме да дозволиме парцијално решавање на проблемот.“ - изјави Фросина Ременски.
 
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, не дојдоа пред Собранието каде се поставени шаторите, туку родителите ги повикаа во собраниските кабинети. И тие им ветиле решавање на проблемите, но по ставање на собранието во фунцкија.
 
Една ноќ под отворено небо, според родителите, не може да се спореди со 24 часовните маки низ кои тие поминуваат. Сепак, велат не е едноставно да се преспие на отворено, за голем дел од нив ова е и прво преноќување во шатор, но поголема е велат нивната желба за исолнување на барањата. 
 
„Нашите животи се толку бурни кога го гледаме детето кога си отфрлен од општестото, но ние се бориме за нив и за дидните генерации“ - изјави Зоран Мијалков, родител на дете со посебни потреби
 
Тие секој месец ќе кампуваат по три дена пред Собранието. На ваков чекор се одлучиле откако претходните обиди да ги решат проблемите не успеале. Институциите останале глуви на барањата за соодветен кадар и терапија за нивните деца, укинување на старосната граница до 26 години за здравствено осигурување, како и грижата за децата, по смртта на родителите.

Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.