Рома сос бара недискриминаторски однос кон ромите

24.12.2015 | 18:10
Прочитано: 1108
Иницирани и револтирани од пратениците во македонското Собрание кои при дебатите за нефункционирањето на здравствениот систем,целосно ги заобиколуваат Ромите-жртви на докторска негрижа, невладината РОМА С.О.С. денеска од свој парламент во Прилеп,побара од пратениците да запрат со националната дискриминацијата на овие граѓани.
 
„Ако воопшто не сакаат пратениците во парламентот, институциите и носителите на функции да дискутираат за овие случаи, тогаш ние изолирано и сегрегирано ќе дискутираме денес и сите наши заклучоци ќе бидат доставени до парламентот односно до пратениците“, порача Несиме Салиоска, претседател на РОМА С.О.С. од Прилеп.
 
РОМА С.О.С. не бара оставка од министерот Никола Тодоров, туку функционален здравствен систем и поефикасен пристап на Ромите до остварување на правата и правдата.
 
Битолското семејство Јашар, три години води судски спор со битолската болница,за надомест на штета, зашто од сеуште непознати причини новореденото не го преживало ни третиот ден по раѓањето, бебето било третирано како медицински отпад без дозвола на родителите, тврдат од невладината.
 
„Му реков да се направи обдукција, побарав по 2 недели, во извештајот стои дека сум се породила со царски рез, а тоа не е вистина, јас се породив нормално, без проблеми“, вели мајката Ајтен Јашар.
 
Сопругата на Сенин Пеливановиќ од Битола, според невладината починала поради пропусти при постапката за породување со царски рез.
 
„И кога ми кажаа таму, жената ми почина. Јас не верував, здрава, жива, како камен беше, не знам што се случувало, не знам зошто, што...“,вели Сенин Пеливановиќ.
 
Агуш Салиоски, момчето на кое поради докторска грешка 8 години му е ампутирана левата рака, живее само по помош на својата мајка.
 
„Џабе и пари и се кога детето ми остана цел живот без рака, цел живот е тоа“, вели мајката Мазес Салиоска.
 
Невладината покренала постапка за три други,а бара одговорност од докторите, министерот, судските органи за сите случаи каде што има жртви поради нефункционален здравствен систем.

Моника Талевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.