Русија ја избра претставничката за Евровизија

13.03.2017 | 09:47
Прочитано: 2728

Претставник на Русија на годинешната Евровизија во Украина, е Јулија Самоилива. Таа е лице со попреченост, кое се движи во количка, но и со одличен глас, објави „Первиј канал”.

На манифестацијата што ќе се одржи во Киев, таа ќе пее на англиски, и ќе ја изведе песната „Flame Is Burning“.

Самоилова (27) е вокален изведувач, текстописец и композитор. Јавноста најмногу ја памети по тоа што настапи на отворањето на Зимските параолимписки игри во Сочи.

„Музичката кариера бара огромни емоционални и физички напори... Се восхитувам на успесите на Јулија“, изјави раководителот на руската евровизиска делегација, Јури Аксјута.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.