САД: Распишан конкурс за идејно решение за ѕидот кон Мексико

19.03.2017 | 11:56
Прочитано: 1362
Американското министерство за национална безбедност распиша конкурс за идејно решение за ѕидот кон Мексико притоа наведувајќи дека би било идеално тој да е висок девет метри. 
 
Претседателот Доналд Трамп неколкупати досега вети дека Мексико ќе ги врати парите на САД вложени во изградбата на ѕидот, но властите во Мексико постојано ја отфрлаат таквата идеја. Белата куќа претходно побара од министерството за национална безбедност да обезбеди три милијарди долари од кои дел ќе се потрошат за ѕидот на границата.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.