Саше Ивановски-Политико тврди дека бил нападнат од бизнисменот Минчо Јорданов

21.10.2017 | 20:02
Прочитано: 10570

Минчо Јорданов ме нападна за поставено прашање – вака Саше Ивановски на јавноста познат како Саше Политико сведочи за вчерашниот настан во Хотелот Мериот. Со скршениот телефон во рака, Ивановски вели дека Јорданов реагирал кога го прашал дали се плаши од истрагите на СЈО за тендерите за „Скопје 2014“, по што како што тврди настанала турканица помеѓу него и Јорданов, во кој настрадал неговиот телефон.

„Јас само се почувствував храбар да му поставам прашање за тој проект и негховите тендери од 250 милиони евра, му пријдов и го замолив за изјави тој кога виде какви се прашањата, одеднаш еруптираше. Си дозволи да напаѓа новинар и ако не го задржеа бизнисмените, тој имаше намера да се престмета со мене.“ - вели Саше Ивановски – Политико

Од ТВ24 се обидовме да стапиме во контакт со бизнисменот Минчо Јорданов, не возврати на телефонските позвици ниту на смс пораката што ја пративме. Инцидентот денеска го потврди и полицијата која информираше дека Ивановски синоќа пријавил оти Јорданов насилно му го одзел и го оштетил телефонот во хотелот „Мериот“.

„Во 20.40 часот во Полициската станица Центар, С.И. (37) од Кратово пријавил дека истиот ден во 20.00 часот во хотел Мериот“, во конференциската сала на вториот кат, лицето М.Ј. насилно му го грабнал мобилниот телефон од раце и го оштетил, по што телефонот не му бил функција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ - стои во соопштението од МВР.

Вчера во хотелот Мериот, инаку беа одбележани 20 години од постоењето на „Макстил“, каде како гости беа и вицепремиерот Кочо Анѓушев, претседателот Ѓорге Иванов и бројни амбасадори. Сашо Ивановски во јавноста е познат по тоа што со мобилен телефон пристапува на јавни личности, пред се политичари, прашувајќи ги за различни теми.



Јован Ѓорговски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.