СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието

19.06.2017 | 17:11
Прочитано: 2620

ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието во Македонија со избрзани, несоодветни и неквалитетни мерки, реагираа преку соопштение од СДСМ. „Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни меѓународни институции и организации кои образованието во Македонија го рангираа како едно од најлошите во Европа“, велат од СДСМ.

Додаваат и дека новата влада активно работи на санирање на штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието. „Се решаваат напластените проблеми и се создава здрава основа за темелни реформи кои ќе овозможат квалитет во образованието и кои ќе бидат во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите.“ - се вели во соопштението на СДСМ.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.