СДСМ во градот Скопје ќе го прекине „Скопје 2014“

16.02.2017 | 19:38
Прочитано: 10508
Наместо потребите на граѓаните раскошот и луксузот му биле главна преокупација на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски обвини денеска поранешниот советник во градот Скопје од СДСМ Дамјан Манчевски.
 
Пред почнување на денешната седница на совет каде се разгледуваше извршување на буџетот од 2016 година Манчевски обвини парите се трошеле непродуктивно, а новата власт ќе го запре тоа. 
 
„Ќе предложиме ребаланс на буџетот со којшто веднаш ќе ја запреме изградбата на панорамското тркало. Веднапш ќе ја запреме изградбата и на барокните фасади, како и на сите други пропратни објекти од Скопје 2014. Парите на граѓаните на Скопје ќе се пренасочат за нови мерки за намалува на загадувањето на воздухот, за подземната сообраќајница, за нови средни училишта, нови мостови и нови сообраќајници“ - изјави Дамјан Манчевски од СДСМ
 
Обвинувањата на СДСМ се многу бледи гледајќи ги проектите од нивното владеење, вели Александар Бичиклиски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него практика на СДСМ е да се зборува само за едни исти работи.
 
„Само за панорамското тркало и карусел зборуваат, за ништо друго. Секогаш говорат во општа форма затоа што тие пари треба да се пренаменат, нели, за училишта, за загадувањето на воздухот и сите останати работи. Се уште живеат во еден претходен систем во којшто работа на политичката партија, на владеење, на власт е во сите сегменти во едно општество да се надградува и да се усовршува“ - изјави Александар Бичиклиски, советник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
 
На седницата беше истакнато дека иако минатата година беше турбулентна со поплавите и земјотресите кои донесоа дополнителни трошоци, сепак голем дел од проектите биле реализирани.

Христина Новевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.