Се продава НЛБ нов пензиски фонд

17.03.2017 | 18:43
Прочитано: 18839
Се продава НЛБ Нов пензиски фонд, кој е во сопственост на словенечката НЛБ групација.
 
Информацијата за продажба е објавена на Македонската берза преку писмо со кое НЛБ Љубљанска бара потенцијални инвеститори за купување на фондот. Сопственици на фондот со 51 отсто акционерски капитал е НЛБ Љубљанска банка, а останатите 49% се во сопственост на НЛБ Банка АД Скопје, која е пак фирма ќерка на НЛБ Љубљанска.
 
Од НЛБ Нов пензиски фонд велат дека се работи за легитимна одлука на централата, што нема влијание врз рабоатат на фондот.

Од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување МАПАС велат дека засега немаат добиено известување од банката, и посочуваат дека дека продажбата нема да влијае врз сигурноста на осигурениците во вториот и третиот пензиски фонд со коои управува НЛБ групацијата.

 
„Од групацијата немаме добиено барање за дозвола, но очекувам набрзо да излезат со официјално соопштение, и да испратат официјални дописи до нас. Ова нема ников ризик за членовите на фондот, оти работењето на пензиските фондови не е споено со друштвото. Друштвото може да се продава, да се спои со други друштва, ама фондот е одвоен од друштвото“, вели Булент Дервиши од МАПАС.
 
Според податоците од МАПАС, во вториот задолжителе и во третиот доброволен пензиски фонд на НЛБ има вкупно 207.106 членови. НЛБ Нов пензиски фонд управува со околу 370 милиони евра. НЛБ Тутунска банка важи за една од најсилните банки во земјава и се смета за еден од најпрофитабилните делови од словенечката групација.

Соња Јанковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.