Се урна меѓукат во зградата на Индонезиската берза, 72 лица се повредени

15.01.2018 | 13:21
Прочитано: 592

Над 75 луѓе се повредени откако се урнал меѓукат во зградата на Индонезиската берза. Повеќето од повредените се префрлени во болница. Полицијата соопшти дека причина за уривање на меѓукатот не е бомба.

„Луѓето се повредени и пренесен се со возила на брзата помош. Нашите напори се насочени на помош на жртвите“, изјави Арго Јувоно – портпарол на полицијата.

Галеријата се урнала околу пладне по локално време, кога вработените биле на пауза. Очевидци велат дека се слушнал силен звук и луѓе како бегаат од паника.

Полицијата го блокирала подрачјето околу берзата која ја сочинуваат две повеќекатни кули.

Инаку двете кули на индонезиската берза во септември 2000 година беа цел на напад на исламистите со автомобил бомба. Директорот на Индонезиската берза Тито Сулистио изјави дека никој од повредените не е во животна опасност.

Тој додаде дека при инцидентот не е оштетен системот на берзата, која продолжи со работа. По привремениот прекин на работата на берзата, таа повторно беше отворена.

 


Христо Марковски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.