Се уште активен пожарот во делчевско

13.09.2017 | 10:00
Прочитано: 830

Пожарот кој избувна вчера попладне кај делчевското село Драмче се уште е активен. Гори борова шума и сува трева на површина од над 100 хектари, а опожарени се и десетина објекти меѓу кои и неколку куќи.

Од Центарот за управување со кризи велат дека утрово продолжило гаснењето на пожарот и дека активирани се стотина лица од територијалната против пожарна единица од регионот, од ЈП „Македонски шуми“ како и од граничната полиција и месно население. Поради големата брзина на ширење на ветерот и непристапниот терен, во неговото гаснење вчера попладне учествуваа и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.