Се враќа старата позната „Нокиа 3310“

20.02.2017 | 15:43
Прочитано: 10620

Мобилниот телефон „Нокиа 3310” којшто има култен стату се враќа на пазарот.

Претставена е пред 17 години и спаѓа во најпродаваните телефони на сите времиња. Овој телефон е познат како неуништлив уред со долготрајна батерија, па веста дека наскоро повторно ќе се појави на пазарот ги израдува носталгичарите за времето кога се беше потрајно и поедноставно.

Новата „Нокиа“ би требало да биде претставена на Конгресот за мобилна телефонија во Барселона на крајот на месецот. 

Нема детали за самиот уред, но се претпоставува дека нема да биде копија на старата „Нокиа“ и дека произведувачот ќе додаде макар и предна камера за љубителите на селфито. Некои медиуми наведуваат дека телефонот ќе чини 59 евра.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.