Седмата сезона на „Игра на престолите“ стартува на 16 јули

10.03.2017 | 09:36
Прочитано: 807

Продуцентската куќа HBO објави дека прикажувањето на новата седма сезона на мегапопуларната серија „Игра на престолите“ ќе започне на 16 јули.

Најавата на датумот на емитувањето на првата епизода од новата сезона, за кусо време предизвика вистински хаос на социјалните мрежи.  

За само 20 минути по објавувањето на информацијата на Фејсбук, објавата доби над 130.000 „лајкови“.

Наспроти возбудата на најголемиот број љубители на серијата од новата сезона, некои од нив изразија разочараност бидејќи новата епизода „ќе се емитува многу доцна“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.