Секој десетти Македонец има дијабет

15.11.2017 | 16:13
Прочитано: 1137

Животот е убав само доколку знаеш да се носиш со сите препреки кои ќе ти излезат на патот вели Рената Јакимовиќ која на деветгодишна возраст ја започнала битката со дијабетисот. Вели животот со дијабетес не е лесен, особено кога знаеш дека треба редовно да си под инсулинска терапија, но и кога знаеш дека постои ризик да во одредени моменти нема инсулин.

„Се случува да одиме в аптека и да нема инсулин. Не смее ниту еден ден да нема инсулин и треба да се носи квалитетен инсулин.“ - вели Рената Јакимовиќ.

Рената вели дека е потребно итно воведување на Европска пракса за набавка на Инсулини и соодветна терапија, како и достапност до новите групи на иновативни лекови. Но, и да се намали дискриминацијата и стереотипите кон лицата дијабетичари.

„Факт е дека постои дискриминација од моментот да бидат оставани од партнерите поради дијагнозата и не може да се склучува брак зошто се смета дека жената не може да роди поради дијабетесот.“ - вели Јакимовиќ.

Од сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, се надеваат дека проблемите со недостатокот на инсулин и сомневањата околу неговиот квалитет во блиска иднина ќе се надминат со оглед на тоа дека бројот на пациенти од година во година е се поголем.

„Оние недостатоци на инсулин, сомнежот за немање терапија, се надевам дека сето тоа во блиска иднина ќе излезе надобар правец.“ - вели Бојан Киров, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Инсулинот минатиот месец не беше навреме доставен заради пречки во тарнспортот, вели заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски.

„Ќе се погрижиме во иднина редовно да добиваат редовно и квалитетен инсулин,“ - вели Гоце Чакаровски – заменик министер за здравство.

Секој месец по десет возрасни и две деца од 5 до 16 години стануваат дијабетичари. Статистиките се поразителни. Дури 12 одсто од населението има дијабетис. Здруженијата алармираат да се направи национална стратегија за решавање на нивниот проблем.


Сунаи Сабриоски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.