Сензација: Италија не се пласира на Светското првенство во Русија!

13.11.2017 | 22:51
Прочитано: 3770

Првпат по 60 години италијанската фудбалска репрезентација нема да биде дел од завршницата на Светско првенство. Сензацијата ја приреди Шведска, која на вечерашниот реванш, во Милано, одолеа и одигра 0-0. Со тоа ја одбрани победата од првиот круг, со минимални 1-0 и се пласира на Мундијалот, кој ќе се одржи идното лето.

Италијанците имаа целосна доминација, го опколија голот на Олсен, но никаков ефект од сето тоа. Најголемите критики, без дилема, ќе ги претрпи селекторот Џан Пјер Вентура, кој прашање е дали ќе преноќи на својата функција.
 
Италија играше на последните 14 Светски првенства без прекин, а последно не играла во 1958 година, иронично, токму во Шведска.
 
Ова е трет од четирите европски баражи, а досега, покрај Швеѓаните, место на СП обезбедија Хрватска и Швајцарија. Последниот патник од Европа ќе се знае утре, кога реваншот ќе го одиграат Данска и Ирска, откако првиот дуел заврши без голови.

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.