Сеул тестираше нова ракета - радарите не можат да ја откријат

13.09.2017 | 14:46
Прочитано: 1262

Јужна Кореја објави дека го извела првиот тест на нова крстосувачка ракета која ќе ја зголеми можноста за превентивен напад од Северна Кореја ако дојде до криза.

Јужнокорејската војска наведе дека ја исфрлила ракетата „Таурус“ од ловецот Ф-15, која успешно ја погодила метата на западниот брег.

Унапредената ракета ја произведе германската компанија „Таурус систем“.

Максималниот дострел е 500 километри, а Министерството за одбрана на Јужна Кореја изјави дека радарите не можат да ја откријат.

Тестирањето на ракетата е изведено како строго предупредување на Ким Џонг Ун, откако Северна Кореја на 3 септември го изведе шестиот и најсилен тест на нуклеарно оружје.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.