Шкендија-Вардар во Тетово за почетокот на новата сезона во ПМФЛ (17.ч)

12.08.2017 | 12:09
Прочитано: 2009

За прв пат дуелот меѓу црвено-црните екипи од Тетово и во Скопје е во сенка на нивните меѓународни настапи, поточно во плејофот на лигата на Европа.

В четврток, Вардар во Скопје го пречекува Фенербахче, а Шкендија, на славниот стадион „Сан сиро“ ќе му гостува на Милан.

Но, пред тоа, најпрво денеска од 17 часот во Тетово ќе ги измерат силите во првото коло од домашниот шампионат.

Покрај Вардар и Шкендија, за висок пласман оваа сезона ќе конкурираат Работнички и Пелистер, но можни се изненадувања.

Голема непознаница е академија Пандев, кој ќе дебитира во елитното првенство. А, не е исклучено и тој да се вмеша во борбата за излез во Европа. Преостанатите средби од првото коло се играат в недела, исто така од 17 часот.

Се среќаваат Шкупи – академија Пандев, Победа – Пелистер, Работнички – Ренова и Силекс – Скопје.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.