Шон Мендес ги освои MTV наградите за најдобар изведувач и најдобра песна

13.11.2017 | 12:21
Прочитано: 467

Канадскиот пејач Шон Мендес на вчерашните Европски музички награди на MTV победи во категориите најдобар изведувач и најдобра песна.

Ова се победниците на 24-то доделување на наградите:

- Најдобар изведувач: Шон Мендес
- Најдобра песна: „There's Nothing Holdin' Me Back" - Шон Мендес
- Најдобро видео: „Humble" - Кендрик Ламар
- Најдобар поп изведувач: Камила Кабело
- Победник во категоријата електронска музика: Дејвид Гета
- Најдобар рок изведувач: групата „Колдплеј"
- Најдобар хип-хоп изведувач: Еминем
- Најдобар француски изведувач: Амир
- Најдобра изведба во живо: Ед Ширан
- „Светска икона“: Ју-Ту ...

Регионалната награда за најдобар изведувач MTV Adria, отиде кај српската поп група „Ничим изазван“.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.