Штрајк во МПМ, новинарите се жалат на притисоци

20.02.2017 | 19:30
Прочитано: 2577
Закани за отпуштање, Синдикатот оценет како нелегитимен, а штрајот како незаконски, со вакви притисоци се соочуваат новинарите од трите весници на Медиа принт Македонија,   кои штрајкуваат поради не исплатените плати и хонрари. Случувањата во комапнијата, новинарите велат дека ќе ги пријават до сите релевантни меѓународни институции.
 
„Утре 21.02.2017 година ќе излезе 5.000 број на дневниот весник „Вест“. Жално е што редакцијата на Вест ќе го подготвува ова јубилејно издание од позиција на штрајк. Во претходните денови наместо разговор за решавање на проблемите се засилија притисоците врз медиумскире работници со телефонски јавувања и закани со отпуштања и  казнувања“, - изјави Александра Спасеска, претседател на штрајкувачки одбор на редакцијата на дневниот весник „Вест“.
 
Според Законот за работни односи, за време на штрајк работодавачот може да избрка, но само дел од вработените кои штрајкуваат.
 
„Бројот на работници отстранети од работа не смее да биде поголем од 2% од бројот на работниците учесници во штрајкот. Работодавачот може да ги отстрани од процесот на работа само оние работници кои со своето однесување поттикнуваат насилничко и недемократско однесување, со што се оневозможуваат преговорите меѓу работниците и работодавачот.“ - Член 237 од Закон за работни односи.
 
И покрај неколкуте обиди на новинарите и на Синдикатот за средба и преговори, менаџментот одбегнува да им даде одговор.
 
„Две недели беше рокот во кој менаџментот можеше да седне со нас и да ги договориме нужните производсвени работи за да штрајкот тече без да се оштети фирмата. Тие досега со нас не контактираат воопшто, така што одговорноста за производсвениот процес сега е на менаџментот“, изјави Тамара Чаусидис претседател на Самостијниот синдикат на новинари и медиумски работници.
 
Телевизија 24, за случувањата побара став од менаџментот на МПМ, но оттаму останаа без одговор.

Игор Стефановски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.