Штрајк во МПМ, вработените ги бараат заработените плати

14.02.2017 | 13:40
Прочитано: 1361
Во 2003 година Германскиот концерн „Вац“, ги купи трите најголеми македонски дневни весници Дневник, Утрински весник и Вест. 
Потоа „Вац“ ја формира компанијата „Медиа принт Македонија“ која ги раководи весниците, а од 2012 година МПМ ја купува компанијата „Орка холдинг“ на бизнисменот Орце Камчев, кој е обвинуван од опозицијата за блискост со власта. 
 
Намалувањето на тиражите, промената на уредувачката политика и обвинувањата за цензура и провладина пропаганда се само дел од проблемите кои ги следат весниците од промената на сопственичката структура па до денеска.
 
Дел од кооснавачите на некогаш најтиражниот и највлијателен дневен весник Дневник, обвинуваа дека весникот е сведен на пропагандистички памфлет без новинарска вредност. Додека и Утрински весник во изминатите години го мачеа проблеми со бркање на новинари кои пак обвинуваа за цензура, неодамна од весникот „Вест“ беше сменет критички настроениот главен уредник Горан Михајловски. 
 
Еден од менаџертите на МПМ Срѓан Керим пак често беше сликан со највисоките челници на ВМРО – ДПМНЕ а правна разрешница никогаш не доби ниту скандалот пари во шише. 
 
И додека се појавуваа и нови шпекулации за нова продажба на медиумите, од лани тие западнаа во финансиски проблеми, поради намалувањето на тиражите и приходите. Во сите три весници се спроведоа серија на отпуштања и намалувања на платите, што доведе до судски тужби и предупредувачки штрајкови.
 
This publication has been produced within the partnership with Osservatorio Balcani e Caucaso for the European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF), co-funded by the European Commission. The contents of this publication are the sole responsibility of media partner Mediapool.bg and can in no way be taken to reflect the views of the European Union. 
 

Сеад Ризвановиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.