Силен земјотрес во Егејското Море ги погоди Грција и Турција

08.08.2017 | 11:09
Прочитано: 7961

Силен земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Кос и блиското турско крајбрежје.

Земјотресот бил со интензитет од 5,1 по Рихтер. Епицентарот бил на 38 км североисточно од островот Кос на длабочина од 10 км.

Според грчки медиуми, тоа е втор најсилен потрес по земјотресот во јули со интензитет од 4,3 по Рихтер.

Телевизијата НТВ јави дека потресот предизвикал голема паника во реонот на Бодрум.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.