Силна експлозија во бизнис зграда во Подгорица

09.08.2017 | 10:03
Прочитано: 1343

Експлозивна направа со силна разорна моќ одекна утрово околу три часот во бизнис зграда во Подгорица, јави РТЦГ.

Според телевизијата, зградата се наоѓа во близина на Црквата на Христовото воскресение во Подгорица. Во експлозијата нема жртви, но е причинета голема материјална штета.
Од силната експлозија искршени се стакла на околни згради и оштетни се неколку автомобили.

Според телевизијата Вијести, станува збор за експлозија на рачно изработена бомба „што ја фрлиле едно или повеќе лица“.

Експлозијата, која се слушнала дури и во поодалечените населби на Подгорица, предизвикала паника меѓу населението.

Во тек е увид на местото на настанот од страна на тимови на црногорската полиција. Врз објект во истата деловна зграда бомба беше фрлена и во ноември 2016 година.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.