Симјановска 55-та во првото возење во слалом

17.02.2017 | 11:16
Прочитано: 1005
Лидија Симјановска успеа да стигне до целта во првото возење квалификациите во слалом, на СП во Сент Мориц.. Патеката ја мина за време од една минута, една секунда и 68 стотинки, што беше доволно за 55-то место. 
 
Пријавени беа 76 натпреварувачки во слаломските квалификации, а од нив 59 ја завршија трката. За Симјановска е важно да стигне на целта и во второто возење, предвидено за 13 часот, без разлика што има само теоретски шанси да се пласира меѓу 25-те кои одат директно во финалните трки. 
 
Ако оствари пласман, тогаш многу веројатно ќе ѝ биде доделено место за финалето како единствена претставничка од Македонија.

Владко Арсов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.