Синдикатот на ЦУК обвинува за расипничко трошење, директорот Буџаку негира

07.12.2017 | 17:40
Прочитано: 1095

Додека вработените во Центарот за управување со кризи не земале плати, вд директор Агрон Буџаку со службента  картичка за еден ден за еден ручек портошил  над 40 илјади денари, обвинува претседателот на синдикатот на вработените во ЦУК, Илија Бојаровски.

Претседателот на синдикатот додаде дека вработените биле и дискриминирани докакажани административни кадри, а од Владата бара  професионален кадар за работа во ЦУК. Бојаровски обвини дека ваквата лоша ситуација е последица на партиски и политички поставените кадри.   

„Раководење на кризен штаб, подразбира да го раководи професионалец, а и да го свика на време, а не по кризата, како во случајот со излевањето на Вардар, но и претходно со пожарите.“ - изјави Илија Бојаровски – претседател на синдикат на вработени во ЦУК.

Буџаку пак се правда - се работрело за интерес на центарот. ЦУК има буџет од 220 илјади денари и ручекот со шесте членови од јапонската асоцијација е платен со тие пари. Се работи за еден, а не за шест ручеци. Бојаровски мисли дека ако ме оцрни ќе стане директор на ЦУК реагираше в.д директорот на центарот.

„Ние имаме 220 000 денари годишно како центар засите трошкоци поврзани со презентацијата. Ние одржуваме седници на главен штаб и сето тоа што го правиме тука влегува во тој износ Ако сум обвинет дека сум потрошил 40 000, значи дека имам шестчлена делегација од Јапонија и од нив имаме три проекти.“ - вели Агрон Буџаку – в.д. директор на ЦУК.
 
Пред само неколку месеци вакви информации во јавноста излегоа и од страна на повеќе министерставта  за луксузирање со народни пари на дел од функционерите. 


Сандра Бошковска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.