Сите шестмина пратеници поднесоа жалби за притворите

06.12.2017 | 17:21
Прочитано: 1205

Сите шестмина пратеници денеска поднеле жалби на притворите и домашните притвори, потврдија за тв 24 нивните адвокати. Дел побарале од надлежниот кривичен совет да закаже јавна седница за одлучувањето по жалбите. Во нивните жалби имало аргументи дека пратениците нема да побегнат или да влијаат на сведоци, а најмалку да го повторат делото.

„Обвинителството имаше седум месеци да ја заврши истрагата. Освен тоа мојот клиент три пати доброволно доаѓаше и се јавуваше уредно во судот. Има службен пасош, а има и лична патна исправи. Доблесно ќе беше од страна на обвинителството и судот барем основот бегство да отпаднеше. Не зборам за вината, тоа ќе се докажува понатаму. Но за мене се непоимливи аргументите на обвинителството со кои го бранеше притворот, дека ќе влијае на сведоци или поради можност од повторување на делото.“ - изјави Тонско Игор Кичеец- адвокат на Мукоски.

Искуството со хашкиот трибунал за случајот Љуботен, бил еден од аргументите на пратеникот Јохан Тарчуловски дека нема да влијае врз сведоци, оти и во Хаг немал такви намери, вели неговиот адвокат за тв 24.

„Правната култура на јохан и мојата во поглед да влијае на сведоци не ни дозволува такво нешто, бидејќи во Хаг имавме 150 сведоци и 10 заштитени и никој не се пожали дека сме влијаеле а сите ги знаевме кои се.“ - изјави Антонио Апостолски.

Ова го немало ни во 1949-та порача лидерот на опозицијата по одлуката на судот за вчерашните притвори.

„Во моментов, 5 посто од сите пратеници од македонскиот парламент се во притвор. Тоа може да се случи во држава во која демократијата е длабоко закопана.партијата која до пред 6 месеци не го вадеше зборот режим од уста, сега прави вистински режим.“ - изјави Груевски.

Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов преноќија во истражниот затвор Шутка, откако вчера од Кривичен суд со полициска придружба беа пренесени во притвор во едно полициско комбе. Пратеничката Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски се во домашен притвор. Сега сите ги чекаат одлукиите од кривичниот совет кој има 48 часа да одлучи дали ќе им ги потврди преиначи или укине мерките, за пратениците кои со останатите 29 лица се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поради насилствата од 27 април.


Христина Беловска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.