СЈО влезе во Канал 5 телевизија

20.02.2017 | 19:29
Прочитано: 12993

Истражители на Специјалното јавно обвинителство, минатата недела, влегле во Канал 5, дознава ТВ 24.

Според сознанијата, не се истражува директното работење на медиумот, туку повразноста со други фирми во веќе отворени случаи на СЈО.

Од Специјалното обвинителство официјално ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. 

Менаџментот на телевизијата денеска не одговараше на нашите повици за да ја потврди или демантира оваа информација. Телевизијата Канал 5 во неколку наврати беше спомната и во таканаречените бомби. Во разговорите, според опозицијата, се слуша како функционери од власта со илјадници евра влијаеле врз уредувачката политика на медиумот. Истражителите на Специјалното обвинителство веќе го истражуваат и работењето на Медиа принт Македонија, која ги издава трите дневни весници, Вест, Утрински и Дневник.

 


Христијан Баневски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.