СЈО влезе во МПМ

18.02.2017 | 00:11
Прочитано: 4645
Истражители на Специјалното јавно обвинителство влегоа во МПМ, додека новинарите на трите весници, Дневник, Вест и Утрински весник штрајкуваат.
 
Од СЈО засега не ја коментираат информацијата. Оттаму само посочуват дека се преземаат различни дејствија за различни предмети, без да прецизираат дали и што се истражува во МПМ.
 
„Во интерес на тајноста на истргите и на предистражната постапка, не можеме да коментираме до овој момент“, велат од обвинителството на Катица Јанева. Сепак, неофицилајно се дознава дека истражителите на СЈО, повеќе од една недела ги истражуваат документите на МПМ, и при тоа се контролира документацијата од последните неколку години. Паралелно, новинарите на трите весници штрајкуваат. Денеска, половина од работното време тие не беа во редакциите. Од понеделник штрајкот ќе трае шест часа. Весниците сепак ќе се печатат, но не се знае дали на сите страници.
 
„Жално е што штрајкот почнува денеска кога е Денот на македонското новинарство. Меѓутоа, денеска е прв ден. Премногу простор и време се даде и најавите за штрајк беа дадени претходно, најавата од две недели, меѓутоа немавме никаков одговор. Ние навистина немаме информации што се случува и со платите и со хонорарите“, вели претседателот на штрајкувачки одбор на „Утрински весник“, Љубиша Станковиќ.
 
Штрајкот во МПМ го поддржува Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници. Владо Апостолов од ССНМ вели е лицемерно ако менаџментот реши да вработи нов кадар. 
 
„Очигледно ако доцнат платите и менаџментот вели дека е лоша финансиската состојба тоа би било лицемерно, непринципелно, секако дека ќе реагираме“, изјави Владо Апостолов, член на ИО во ССНМ.
 
Вчера „Телевизија 24“ објави за промените во МПМ. Јордан Камчев со „Орка холдинг“ и Јана Станисаљева со „Интернет Инвестмент груп“ излегоа од фирмата „Графички центар“ којашто е сопственик на МПМ. Податоците покажуваат дека сега сопственик на „Графички центар“ е „Издаваштво Телеграф“. На „Телеграф“, пак, сопственик е МПМ. 
 
Откако во јавноста беше обелоденета сопственичката промена во МПМ, подоцна се огласија и од компанијата на Камчев, потврдувајќи дека ја го продале својот удел во Графички центар, сопстевник на МПМ, без да кажат кој е новиот сопственик. Во кусото соопштение беше наведено дека наскоро ќе биде исплатена јануарската плата за вработените.

Игор Стефановски
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.