СЈО во РЕК Битола го истражува ископот и транспортот на јаглен

16.02.2017 | 19:36
Прочитано: 2394
Два тима обвинители и истражители на Специјалното јавно обвинителство под лупа во детали ја чешлаат тендерската документација за ископ и транспорт на јаглен дознава ТВ 24. 
 
Според извори на 24, откако во октомври специјалните обвинители беа во РЕК за истата работа, тимовите се вратиле по дополнитени информации. Од СЈО не откриваат детали со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.
 
„АД ЕЛЕМ и како досега останува отворена за соработка со СЈО за се што, согласно законските овластувања е предмет на нивен интерес.“ - велат од ЕЛЕМ.
                                                                                                                             
За пет месеци, втор пат од СЈО влегуваат во клучниот енергетски капацитет РЕК Битола. Тогаш на мета на обвинителите беше тендерската документација за ископ на јаловина и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“ во време во кое директор беше Влатко Чингоски. Од тоа време датираат и дел од прислушуваните разговори што ги објави опозицијата, а во кои според нив се слуша гласот на Чинговски кого СДСМ го обвинија за незаконско работење. 
 
Во изјава за 24 вести Чинговски ги негираше обвинувањата, но потврди дека СЈО со месеци е во енергетскиот комбинат.
 
Под називот „Тарифа“ СЈО неодамна отвори истажна постапка во која седум службени и одговорни лица се осомнични за спроведување на јавна набавка за софтвер. Лицата се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Системот бил платен, но не бил имплементиран поради што штетата се проценува над 456 илјади евра.
 
Инаку тим на СЈО е влезен и во битолската млекарница.

Марина Узунов
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.