Скопје и Атина очекуваат предлог од Нимиц на 17 јануари

12.01.2018 | 09:37
Прочитано: 724

Иницијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името, очекуваат владите во Скопје и во Атина, на новата рунда преговори во Њујорк.

Според најавите од вчерашните средби во Солун, медијаторот  во спорот за името Метју Нимиц наредната недела на маса ќе постави рамка со која суштински ќе се напредне во решавањето на спорот.

Ова го соопштија шефовите на дипломатиите на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на вчерашната целодневна средба во Солун, каде изразија оптимизам дека решение за името е можно до крајот на 2018-та година. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.