СКЗМ: Стопанството стравува оти економијата е на праг на рецесија

11.09.2017 | 18:52
Прочитано: 1779

Тешко е да се очекуваат драстични промени во економијата за толку краток период, но гледаме подготвеност кај оваа гарнитура да ја подобри состојбата, оценија бизнисмените од Комората на Северозападна Македонија, по стоте дена владеење на новата Влада. Сепак алармираат, статистиката покажува дека сме на прагот на рецесија.

„Во вториот квартал имаме негативен раст на БДП од 1,8 од сто и 0 по сто раст во првиот квартал, што значи дека сме во праг на рецесија. Треба да се направи проценка на целите на БДП бидејѓи зголемувањето од 2,2 од сто е невозможно. Ќе бидеме задоволни ако оваа година достигнеме раст од 0,7 до 1 по сто БДП“, вели Неби Хоџа - претседател на Комората на Северозападна Македонија.

Новата Влада мора да направи стратегија за економски развој, да ги деполитизира државните институции и да ја стави администрацијата во функција на граѓаните. Судските реформи се уште заостануваат, а социјално-економските мерки што ги превзема Владата во изминатите сто дена не се најдобри за економијата, оценија стопанствениците.

„Ние сме на иста линија со Владата за намалување на сиромаштијата и ќе ја поддржиме во тој правец. Мерката за субвенционирање на семејствата за одмор не се смета за економска мерка што би и помогнала на економијата“, вели Неби Хоџа - претседател на Комората на Северозападна Македонија.

Долгот на државните институции кон приватниот сектор во изминатите сто дена не е намален.

„Ние ја сфаќаме ситуацијата дека Владата не е спремна енергично да пристапи спрема тој проблем“, вели Џемаил Даути - Комората на Северозападна Македонија.

Бизнис секторот очекува Владата да го редефинира концептот за странски инвестиции. Го поддржува субвенционирањето на неколку сектори, но бара внимателен пристап и транспарентност на Владата кон компаниите, за да нема злоупотреби. 


Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.