Словенечкиот глумец Гашпер Тич пронајден убиен во неговиот стан

20.06.2017 | 10:12
Прочитано: 6263

Познатиот словенечки глумец Гашпер Тич (44) е пронајден убиен во неговиот стан во центарот на Љубљана, јавија љубљанските медиуми.

За убиството е осомничено 20-годишно момче, кое се наооѓа во притвор. Истрагата е во тек и не се соопштуваат детали.

Според неофициални информации, осомничениот самиот повикал полиција и го признал убиството. Тој тврди дека заедно со Тич бил на геј парадата во Љубљана, а потоа отишле во станот. Тич сексуално го нападнал, по што момчето го избодело 10 пати со нож.

Тич е еден од најпознатите актери од поновата генерација во Словенија. Роден е 1973 година во Копер, а кариерата ја започнал во 1991 година. Беше претседател на словенечкото Друштво на театарски актери.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.