Словенија ја поддржува Македонија за ЕУ и НАТО без условувања

12.09.2017 | 17:39
Прочитано: 805

Словенија ќе ја поддржи Македонија без никакви услови во нејзините евроинтегративни процеси. Ова е пораката која ја испрати словенечкиот претседателот на законодавниот дом Милан Брглес по средбата со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери.

Во своето обраќање и пред пратениците тој појасни дека клучен фактор за успорениот евроинтегративен процес на земјите меѓу кои и Македонија е неусогласеноста помеѓу истокот и западот но и потенцираше дека земјата мора да остане посветена на тој пат.

По прашање, на вклучувањето во Евроатлантските интеграции Република Словенија била и ќе биде и понатаму таа која ќе ја поддржува Македонија без било какви дополнителни условувања“, вели Милан Брглес - претседател на Собранието на Република Словенија.

И претседателот на Законодавниот дом на Македонија Талат Џафери ја истакна потребата од поддршка но продлабочување на соработката меѓу двете земји кои немаат отвоени прашања. Тој потсети дека Словенија е меѓу првите земји со кои по осамостојувањето Македонија воспоставила одлични дипломатски односи на кои и натаму треба да се работи.

Разговаравме за нашите напори за зачленување о ЕУ и НАТО, се заблагодариме на нивната поддршка која постојано ја даваат на Република Македонија во нашите напори за полноправно членство во НАТО и ЕУ. Исто така разговаравме и за потребата за координација понатаму во справување со мигрантската криза“, вели Џафери - претседател на Собрание на Република Македонија.

Покрај обраќањето пред пратениците но и средбата на ниво на претседатели и делегации Брглес се сретна и со членовите и претседателите на Комисиите за надворешна политика и европски прашања, а во агендата се најде и средба со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Годинава се одбележуваат 25 години од дипломатските односи меѓу двете земји.



Гаврил Сирачевки
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.