Случај „Фени“

07.12.2017 | 17:25
Прочитано: 2524

Ако бугарски Енекод исплатеше барем една плата на работниците, ние сериозно ќе ја разгледавме нивната понуда. Ова е одговорот на трите банки доверители во Фени, откако минатата недела првиот човек на Енекод ги обвини дека го фаворизираат швајцарскиот фонд да го купи кавадаречкиот комбинат. Во име на трите банки, Никола Џамбазовски од Комерцијална негира дека на било каков начин навивале за некоја компанија.

„И на првата, особено и на втората понуда рековме иако првата ја одбиме втората беше во прилично поголеми износи иако не беше поткрепена со ниту еден доказ за расположливост на средствата сепак ние рековме во ред, вреди да се разгледува понудата, меѓутоа прво исплатете ја заостанатата плата на вработените. Вие се легитимирате како сопственици, претставникот на Енекод е извршен директор во друштвото. Ако не можете да исплатите плата на работниците како ние можеме да разговараме за понуда од десетици милиони евра која што е на хартја“, вели Никола Џамбазовски – Комерцијална банка.

Џамбазовски потврди дека швајцарскиот Фос асет менаџмент е единствената компанија која потпишала меморандум за разбирање со банките и која допенирала три милиони евра. Сепак, вели тој, тоа не значи дека оваа компанија ќе биде новиот сопственик. За тоа ќе реши собранието на доверители.

„Тоа што ние го правиме и тој што потпишал меморандум за разбирање во никој случај не значи дека по автоматизам тој е новиот сопственик на Фени. Тој депонирал средства како знак на сериозност на неговата понуда. Секој доверител во рамки на стечајната постапка има право да поднесе план за реорганизација согласно законот за стечај. Може било кој доверител да предложи друг план доколку е подобар за доверителите Доверителите ќе го прифатат тој план“, вели Никола Џамбазовски – Комерцијална банка.

Џамбазовски потврдува дека банките се обезбедени кредитори, но јавниот интерес Фени да не се затвори бил пресуден, тие да го финасираат комбинатот. Сите дополнителни пари кои ги вложуваат, ќе влезат во стечајната маса. Банките префрлиле пари за две плати. Ако стечајот се оддолжи, тие ќе продолжат со кредитирање, но според Џамбазаовски, рокот мора да биде разумен.


Владимир Тевчев
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.