Снег во Хрватска и БиХ, се очекува и во Србија

19.04.2017 | 09:37
Прочитано: 5425

Во многу делови на Хрватска и Босна и Херцеговина падна снег, а според најавите на метеоролозите снег се очекува денеска и во Србија. 

Хрватските медиуми јавија дека вчера во делови на земјата паднал снег, како и дека температурата се спуштила до еден степен. 

Снег паѓал на врвовите на ридот околу тунелот мала Капела, како и на подрачјето на Оточац, Језерана и Брињ, додека дожд паѓал во регионите на Задар и Шибеник, каде се забележани посилни налети на бура.

На планината Биоково во Сплитско-далматинската Жупанија уште во текот на попладнето почнал да паѓа снег, кој до вечерните часови премина во снежна виулица. 

На тој планински венец поради магла не е можно да се утврди височината на снежната покривка, а тоа го отежнува и силниот ветер, кој создава снежни наноси.

Снегот во текот на вечерта почна да паѓа и на повеќе планини во БиХ, како и во Сараево.

Босанските медиуми јавуваат дека Федералниот хидрометеоролошки завод соопштил дека снег паѓа и на Бјелашница и во Хан Пјесак. 

Во поголемиот дел од Србија од неќеска почна да врне дожд, а претходно е најавено дека на повисоките делови во земјата ќе паѓа снег. 


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.