Снегот донесе нови проблеми – расте бројот на граѓани со скршеници

10.01.2017 | 19:54
Прочитано: 1551
Главните сообраќајници проодни но споредните шест дена по првите врнежи од снег сеуште се нерасчистени, дел од нив на најмладите им служат како лизгалици. Граѓаните револтирани велат се движат со страв. 
 
Болниците се полнат со граѓани кои имаат скршенци или фрактури. За неполна недела примени биле околу 130 пациенти. 
 
„Во изминатите четири дена за преглед се јавиле 127 пациенти  од кои 11 се хоспитализирани. Повеќето се со фрактури на подлактицата, надлактицата и на колкот, дисторзии и една смрзнатина. препорака е да внимааваат како се однесуваат на овие услови.“ вели Јасминка Чабуковска Радуловска – ЈЗУ Универзитетска клиника по хирушки болести „Св Наум Охридски“.
 
Метеролозите пак велат студено време со ниски утрински температури до – 20 степен не очекуваат и следните неколку денови. Пораст на температурите се очекуваат од петок, но врнежите од снег и дожд нема да престанат.
 
„Утре и во четврток ќе имаме ниски температури кои на некои места ќе се спуштат и под 20 степени, а во повеќето места ќе бидат -15. Пораст на температурата имаме во петок поради јужно струење. Времето ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот се очекува да паднеме под ниво на влажен бран со врнежи од снег на повисоките места и на планините“ - вели Ленче Ризова од Управа за хидрометоролошки завод.
 
Снежната прекривка највисока е во маврово 68см, Пожаране 57см, Лазараполе 45см, а од градовите најмногу снег има во Тетово со 26 сантиметри.

Христина Новевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.