Снегот ги блокира патните правци Охрид-Ресен и Охрид-Кичево

13.02.2018 | 21:17
Прочитано: 4923

Денешниот снег ги парализира патиштата до Охрид. Поради излизгување на два камиони околу триесетина автомобили еден час беа заглавени во снегот кај превојот Буково на патот Охрид-Ресен. Излизгани беа и неколку автомобили, но за среќа повредени нема.

Од СВР Охрид информираат дека ситуацијата е стабилизирана, но сеуште активна е забраната за движење на тешки товарни возила на магистралните патишта Охрид-Ресен и Охрид Кичево, а патничките возила доколку немаат нужна потреба вечерва да не возат по овие два патни правци за да се избегнат евентуални несакани последици. На терен се и службите на Македонија Пат кои интензивно го расчистуваат натрупаниот снег на коловозот. Охридската полиција преку соопштение апелира на претпазливост.

„Камионите се извлечени, а сообраќајот пуштен во употреба. Напоменуваме дека забраната за движење кон планинскиот превој Буково од 17 и 30 не важи за патничките моторни возила. На сила останува само забраната за тешки товарни возила. Во таа насока полициски службеници поставија сообраќајни пункотви кај Подмоље, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај ЕМО и во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид Ресен. Потсетуваме дека е неопходно носењето и користење на зимската опрема и апелираме доколку нема потреба да не се излегува на пат.“ - велат од СВР Охрид.

Доста критично беше и на патниот правец Битола-Ресен кај Ѓавато, каде поради излизгување попладнево се судрија камион и три патнички возила. И таму десетици автомобили беа блокирани повеќе од 1 час. Од СВР Битола инфомрираат дека повредени нема, сообраќајот е нормализиран, со тоа што сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

 


Адријана Митевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.