Снегот не го намали загадувањето

11.01.2017 | 20:31
Прочитано: 2576
Загаденоста на воздухот со канцерогените ПМ10 честички повторно се враќа иако деновиве снегот и ветерот ја намалија енормната згаденост која на места се движеше и до 20 пати повеќе од дозволеното.
 
Сите 14 мерни станици низ земјава мерат повисоки вредности од дозволените. 
 
Но колкави се моменталните параметри на загаденост во скопските општини и градовите според мобилната апликација „Mој воздух“ е непознато, бидејќи денеска таа не е во функција.
 
Министерството за животна средина не ги ажурира навремено податоците поради што граѓаните не се доволно информирани колкава е моменталната загаденост. Граѓаните велат.
 
Според последните ажурирани поратоци од министерството за животна средина најзагадено е во Кичево, а потоа во скопска Гази Баба и Битола 2. Висока загаденост мерните станици бележат и во Центар Карпош Лисиче Ректорат Миладиновци Тетово Кочани и Куманово. Ниска загаденост има во Битола 1 и Кавадарци, а единствено не е загадено во Лазареополе.

Христина Новевска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.