СНС ја одби понудата на Николиќ за повторна кандитатура за претседател на Србија

17.02.2017 | 12:32
Прочитано: 2597
Претседателството на владејачката Српска напредна партија ја одби понудата на актуелниот српски претседател Томислав Николиќ „упатена кон Александар Вучиќ“, околу поддршката на повторната кандидатура за претседател на државата, изјави потпретседателот на партијата, Милош Вучевиќ. 
 
Комуникацијата помеѓу двајцата лидери се сведе на писмото испратено од Николиќ до Вучиќ во кое бара, доколку не добие втора претедателска кандидатура, да му се врати сето она што му го отстапил на Вучиќ кога станал претседател, а тоа се функциите премиер и лидер на српската народна партија.

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.