Со терминот нормиран учинок тешко до минимална плата

12.09.2017 | 17:38
Прочитано: 1925

Терминот нормиран учинок да се исфрли од измените на Законот за минимална плата, бара Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството. Доколку овој термин остане во законот тогаш нема гаранција дека работникот ќе ја добие минималната плата. Со воведување на норма за да се добие минимална плата се остава простор за манипулации, злоупотреби и притисоци од работодавецот.

Сидникатот на индустријата, енергетиката и рударството, со писмено соопштение тврди дека кога на Економско-социјалниот совет во јули годинава бил усвоен текстот на законот од сите засегнати страни тогаш зборот „нормиран учинок“ не бил во него.

„Затоа се прашуваме кој, зошто и во чие име ја додаде повторно оваа формулација? Такво нешто нема во регулативата за минимална плата во нашето опкружување ниту во земјите членки на ЕУ.“ - соопштуваат од СИЕР.

Конфедерацијата на слободни синдикати се заканува со масовни протести, ако Владата не ги зголеми платите за 19 отсто на вработените во јавниот сектор. Бараат и скратување на работното време на вработените во јавниот сектор како и зголемување на породилното отсуство.

„КСС нема да отстапи од своите барања, веќе е даден налог од извршниот одбор да се свика конференцијатакој е најголем орган меѓу два конгреса со една точка на дневен ред - состојбите во економско социјалниот совет.“ - изјави Благоја Ралповски, претседател на КСС.

Според КСС, сите барања се согласно Законот за работни односи и меѓународните конвенции. Конфедерацијата испратила повеќе дописи со барање за средба со министерката Мила Царовска, но досега велат не добиле одговор. И телевизја 24 се обрати во министерството, но оттаму останаа без коментар.


Ирена Смиљанска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.