Со вештачка интелигенција ќе се откриваат терористи на Фејсбук

21.02.2017 | 17:30
Прочитано: 1862

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг откри дека планира содржините објавени на оваа социјална мрежа да ги контролира со помош на вештачката интелигенција.

Во објавата на својот профил, наведува дека алгоритмите на крајот ќе можат да детектираат тероризам, насилство, малтретирање, па дури и да спречат самоубиство.

Сепак ќе бидат потребни години тие да се усовршат, наведува првиот човек на најголемата социјална мрежа на интернет.

Тој исто така признава дека Фејсбук претходно направил грешка со отстранувањето на непримерните содржини од оваа платформа.Како пример за грешки ја наведува познатата фотографија на девојчето од Виетманската војна, кое системот минатата есен ја отфрли почитувајќи ја забраната за детска голотија.

Во своето писмо од 5.500 зборови во кое се анализира иднината на компанијата, Цукерберг изјави дека е невозможно да се прегледаат милијарди објави кои секојдневно се поставуваат на оваа платформа.

Фејсбук беше критикуван во 2014 година кога се откри дека еден од убијците на британскиот војник Ли Ригби со месеци пред нападите на интернет го најавувал убиството. Цукерберг откри дека интензивно работат на системите засновани на вештачка интелигенција кои ги читаат текстовите и ги прегледуваат фотографиите и видео - снимките за да утврдат дали на нив има нешто опасно и недзоволено.

„Системот е во рана фаза, но веќе се применува и обезбедуа третина од материјалите кои ги обработува тим за контрола на содржината. Моментално бараме начин со помош на вештачка интелигенција да ја откриеме разликата меѓу новинарските текстови за тероризам и терористички пропаганди“ напишал Цукерберг.

Крајната цел е на луѓето да им се овозможи да објавуваат што сакаат, почитувајќи го законот, а алгоритмите тоа би го прегледале.

Корисниците ќе можат да ги филтрираат информациите отстранувајќи ги објавите кои не сакаат да ги видат поставувајќи си секој за себе граница за насилство, голотија и слична содржина. За оние кои нема да користат филтри, критериумот ќе биде она што мнозинството во некој регион ќе го избере за прифатливо.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.