Собраниска расправа за буџетот - жестока дебата на власта и опозицијата

27.11.2017 | 18:18
Прочитано: 1092

Со буџетот за следната година власта не нуди ниту еден нов проект, нема доволно пари за почиста животна средина, а платите во администрацијата селективно ќе се зголемат, обвини ВМРО-ДПМНЕ на правиот ден од расправата за буџетот на собраниската комисија за финансирање и буџет.

Расправата почна со излагањето на министерот Тевдовски кој рече дека станува збор за буџет со кој се става крај на расипништвото, а се нудат мерки кои ќе придонесат за подобрување на економијата и животот на граѓаните.

„Ревидирањето на бруто домашниот производ за тековната година при предлагање на буџетот за наредната година, што досега не беше пракса, ја потврдува нашата опеделба за реални макроекономски проекции, како најсоодветен импут за реалистични фискални проекции и одговорна фискална политика.“ - изјави Тевдовски.

На првиот ден од расправата претседателката на комисијата Лилјана Кузмановска, рече дека власта само пропагира дека ова е најреформски и најразвоен буџет, без да понуди детални анализи. Таа праша зошто Владата проектирала најголем буџет до сега, кога во изминатиот период како опозиција тврдела дека Македонија нема нема капацитет да реализира буџет поголем од 3 милијарди евра.

„Свесно ќе трошите повеќе и тоа ќе значи зголемување на долгот, инаку нема друг начин како може да го објасните тие 10 милијарди ќе ги приберите доколку нема зголемување на некој друг данок или давачка, освен акцизата за која зборевме.“ - вели Лилјана Кузмановска, ВМРО-ДПМНЕ.

За пратениците од власта буџетот е направен за да се постигне финансиска стабилизација на државата. Со него е стопирано мегаломанското трошење, за да се постигне раст на економијата и извозот.

„40 милиони денари за поддрша на деловното опкружување или бизнис заедницата. 140 проценти зголемување. 28 милиони денари поддршка за малите и средни претпријатија директно.“ - вели Васко Ковачевски, СДСМ.

„Граѓански буџет со онаа сликовница од 9 страни? Со фонд од 35 посто зголемување во здравството и образованието, а долес стои од септември 2018“ - вели Драган Цуклев, ВМРО-ДПМНЕ.

До матичната комисија за финансирање и буџет се пристигнати вкупно 279 амандмани. Најголемиот дел, 204 се од ВМРО-ДПМНЕ, а останатите 75 од БЕСА.



Ружица Фотиновска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.