Соработниците на Митревски бараат влез во ССМ

18.08.2017 | 09:39
Прочитано: 2393

Дел од најблиските соработници на поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски не можат да влезат во зградата откако претседателот Дарко Димовски изјави дека биле фатени на дело во обид да изнесат документи. Претседателот на Синдикатот на работниците од сообраќај и врски, Методија Димески го демантираше вчерашното обвинување и рече дека влезот во ССМ не смее да му биде забранет бидејќи има документи кои докажуваат дека е претседател на синдикат.

„Не сме изнеле никакви документи и класери од зградата на ССМ. Овие тврдења се тендециозни и невистинити. Доколку е така се поставува прашањето, зошто истите не биле одземени, а за настанот не бил составен ни записник. Веде претседателот Димовски ако тој влегол во зградата со документ,исто така и јас имам документ дека сум претседател на Синдикатот за сообраќај и врски, а мене ми е скратено правото да влезам во истата зграда“, вели Методија Димески - Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ

На прашањето зошто претходно ја поддржа одлуката за забрана за влез на четирите грански синдикати кои ги имаа истите документи од Централен регистар, Димески ја префрли топката на екс претседателот.

„Јас ниту можам, ниту сум издавал наредби кој да може да влезе во зградата на ССМ.Јас не сум овластено лице кое забранува кој да влегува или кој да не влегува. Прашајте ги другите одговорни“, вели Методија Димески - Синдикатот на работниците од сообраќај и врски на РМ.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски на вчерашната прес конференција, обелоденувајќи ги неправилностите од старото раководство, посочи и двајца претседатели на синдикати кои издале наредба да се изнесат документи од поранешната канцеларија на Митревски.

„Претседателот на транспорт и врски со неговата соработничка што е во канцеларија и соработникот на Живко Митревски кој инаку му е внук, нашите служби ги фатија како изнесуваат класоари во кои има извештаи од седници од советот и претседателството“, вели Дарко Димовски – в.д. Претседател на ССМ.

Методија Димески беше секретар на Сојузот на синдикати во последните денови од претседателствувањето на Живко Митревски. Новото раководство на ССМ информираше дека тој бил разрешен од функцијата во исто време со Живко Митревски, во ноември минатата година.


Кристина Атовска
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.