СП, Сент Мориц: Двајца македонски скијачи дисквалификувани, тројца не го завршија велеслаломот

16.02.2017 | 21:20
Прочитано: 2911
Од вкупно пет македонски скијачи на денешните трки во велеслалом на СП во швајцарскиот Сент Мориц, ниту еден не оствари пласман.
 
Во финалната трка во женска конкуренција, нашата Лидија Симјановска беше дисквалификувана по првото возење од страна на организаторот иако ја заврши трката на 80.место. Со тоа не доби можност за настап на втората трка, па без пласман го заврши овој натпревар. Инаку со златото се закити Теса Ворли од Франција откако по двете возење за 34 стотинки имаше подобар резултат од американката Микаела Шифрин. Бронзата и припадна на италијанката Софија Гоџа.
 
Кај мажите денеска настапија четворица македонски скијачи. Од нив Антонио Ристевски и Марјан Нашоку успеаја да ја завршат првата трка. Виктор Петков беше дисквалификуван по првата трка, додека лука божиновски не ја заврши првата трка. Потоа, Ристевски не стартуваше во второто возење, а Нашоку остана без пласман. Така што нема да има македонски скијач на главната трка во велеслалом, утре изутрина.
 

Слаѓан Ивковиќ
The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.