Спасовски не се појави во Обвинителство, не добил покана

20.03.2017 | 13:53
Прочитано: 781

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски не се појави на распит во Основното јавно обвинителство. Од Обвинителството потврдија дека во 12 часот Спасовски е повикан на распит, меѓутоа Спасовски не информираше дека нема добиено покана.

Наводните сомненија за лажирање на финансиските извештаи  и начинот на финансирањето на партијата, се предмет на истрага.

Во петокот во ОЈО на распит беше лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој изјави дека Јавното обвинителство отвора контра истрага на секоја нова истрага на Специјалното јавно обвинителство  и дека ќе се докаже невиноста.


The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.