Србија отвора две нови поглавја од преговорите за членство во ЕУ

19.06.2017 | 09:43
Прочитано: 2272

Србија денеска во Брисел ќе ги отвори поглавјата 7 и 29 од преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Српската делегација на преговорите ќе ја предводи министерката за евроинтерграции Јадранка Јоксимовиќ.

Ова е второ отворање на нови поглавја од преговорите меѓу Србија и ЕУ годинава, откако во февруари исто така беа отворени две поглавја.

По денешната конференција, Србија ќе има отворено 10 од вкупно 35-те поглавја од договрот за членство во ЕУ.

 

The content of this field is kept private and will not be shown publicly.
Image CAPTCHA
Enter the characters shown in the image.